Спортската сала „Нико Нестор“ во Струга е затворена и нема да може да се користи, бидејќи истата е во очајна состојба, соблекувалните во самата сала се со ужасни услови, салата прокиснува, рефлекторите не се вклучуваат во такви услови со цел да не дојде до струен удар.
После големата трагедија која се случи во Кочани со запалената дискотека, низ државата се направени големи контроли, меѓу нив и спортската сала „Нико Нестор“ која е изградена пред повеќе од 30 години, но никогаш немало некоја посериозна реконструкција со цел да има подобри услови за спортистите, како за тренирање така и за одигрување на натпревари.
Во самата сала е потребно да се направат сериозни реконструкции како на кровната конструкција, така и на соблекувалните, канализација, електричната инсталација, рефлекторите кои се премногу стари, трибини или едноставно цела објект.
Проблем со салата е и тоа кој стопанисува со истата, со истата стопанисува Сојузот на општински спортови на Струга, но постои на хартија, а тука е хаосот околу целиот овој процес. Спортската сала „Нико Нестор“ во Струга неодамна беше затворена од страна на Трудовата инспекција, проблемот е дополнително комплициран од фактот што не е јасно кој е одговорен за управувањето со салата.
Генерално, салата е во очајна состојба, а тоа ја става под клуч, па сега клубови ќе мораат да бараат алтернатива каде ќе тренираа и ќе ги играат натпреварите, а како таква опција е салата „Тими“.
Тука настапуваат РК Струга, ЖРК Стружанка, КК Црн Друм, ЖКК Струга, но тука покрај сениорски категории настапуваат и младински категории и други спортски клубови, како и спортски школи односно академии.