ФудбалЧетврта лига

Триумф за Маџари Солидарност над Илинден, „петарда“ на Ускуп, Дељадровци до победа!

Сподели
Сподели

Во рамки на 14. коло на Општинската фудбалска лига (ОФЛ) Гази Баба или Четврта лига по ранг на натпреварување екипата на Маџари Солидарност со 2:4 го доби тимот на Илинден.

За домашниот тим Коста Најдовски беше двоен стрелец, а пак за гостинот хет-трик постигна Ерхан Абаз, а четвртиот гол беше дело на Златан Крстевски.

Поранешниот третолигаш Петровец на домашен терен загуби од екипата на Дељадровци со резултат од 2:3. Двата гола за домашниот тим ги постигна Коле Стојановски, а пак за гостинот двоен стрелец беше Филип Трпески, а пак Ивица Илиевски беше автор на третиот гол за гостинот во 33. минута.

Лидерот Бујковски во 87. минута со голот на Димитар Папазов го доби мечот со Гоце Делчев.

Ускуп „пукна“ петарда откако со 5:1 го декласираше Инџиково на домашен терен Гостинот преку Ферид Абедин во 18. минута дојде до предност од 0:1, а до крајот на првиот дел домаќинот преку Турхан Кумбараџи и Еркан Ибраимов направија пресврт за 2:1 на полувреме.

Во вториот дел Куртуш Јонузовски, Мехмедали Јусуфоски и Ракип Даци погодија за конечни 5:1.

Екипата на Долно Коњари со 3:1 го доби натпреварот со Миладиновци. Резултатот беше отворен преку Ирфан Растодер во 15. минута од мечот за 1:0 на полувреме. Во вториот дел Ведат Арслан погоди за 2:0 во 55. минута, а десет минути подоцна Сеад Јакупи погоди за 3:0. Конечниот резултат од 3:1 го постави Борче Бојковски.

Во однос на табелата Бујковци е прв со 34 бодови, но има меч повеќе во однос на Долно Коњари кој е втор со 26 бодови и Маџари Солидарност кој е трет со 25 бодови, екипата на Марино е на четвртото место со 23 бодови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!