Кик бокс маи таи клубот Комбат од Радовиш во период од 4 до 6 април ќе учествува на Европскиот куп „Grand Prix“ во Сараево, Босна и Херцеговина.
Радовишкиот клуб ќе настапи со еден натпреварувач, се работи за Андреј Петров, кој ќе настапи во категорија постар кадет, дисциплина лоу кик -67 килограми.
Тренерот на клубот Мите Ашкилов за Спортска Мрежа истакна дека изминатиот период имале одлични подготовки и Петров максимално подготвен заминува на Европскиот куп во Сараево.
Тренерот Ашкилов поради оправдани причини, за жал нема да биде присутен во Сараево, но како што вели за Спортска Мрежа, верува во Андреј Петров, кој максимално подготвен заминува на Европскиот куп со цел да го даде својот максимум за одлично претставување на клубот Комбат и Македонија.