КупФудбал

КУП: Вардар против Брера ќе бара финале, Шкендика на дерби со Струга Трим Лум

Сподели
Сподели

Денес во просториите на Фудбалската федерација на Македонија се одржа ждрепката за полуфиналето од Купот на Македонија. Во ждребот учествуваа Вардар, Струга Трим Лум, Брера Струмица и Шкендија.

Полуфиналните дуели ќе се играат по системот дома-гости, а првите натпревари се закажани за 9 април (среда). Според исходот од ждрепката, во полуфиналето ќе се соочат Вардар против најлесниот противник Брера, додека Шкендија ќе се сретне со Струга Трим Лум во едно возбудливо дерби.

Реваншите се залажани за 23 април (среда).

Што се однесува до историјата на овие тимови во Купот на Македонија, само Струга Трим Лум сѐ уште нема освоено титула, иако во 2023 година стигна до финалето, каде што беше поразена од Македонија ЃП. Македонија ЃП, позната како „лавовите“, има три Куп титули, Вардар досега го освојувал трофејот пет пати, додека Шкендија се радуваше на победата во 2016 и 2018 година. Брера, која во минатото настапуваше под името Академија Пандев, го освои Купот во 2019 година.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Еуромилк ГЛ сигурен кон баражот за Втора лига, поранешен второлигаш оди кон испаѓање во Општинска лига!

По 15 кола во Трета лига – Север тимот на Еуромилк ГЛ кој во минатото беше дел од фудбалската елита е на добар...

Трета лигаФудбал

Камјани има солидна бодовна предност во Трета лига – Запад, ќе биде ли доволна за второлигашки бараж?

Три екипи се имаат шанси за првата позиција во Трета лига – Запад која води кон баражот за Втора лига, но најголема шанса...

Поврзани написи
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!