Прволигашот Шкупи денес требаше да продолжи со подготовките за предизциците кои ќе следуваат во продолежние од шампионатот, но денешниот тренингот на барање на фудбалерите беше откажан.
Фудбалерите скршени од болка поради загубата на соиграчот Андреј Лазаров, кој беше една од жртвите во големата тратедија која се случи во дискотеката во Кочани, со плач и солзи во соблекувалната, а на фотографиите кои ги објави клубот може да се види тагата на фудбалерите. Сите фудбалерите беа собрани, но немаа сили да продолжат со подготовки и тренирање.
25-годишниот фудбалер од Кочани, последниот натпревар го одигра во саботата против Пелистер, во меч од 24. коло на ПМФЛ. Во игра влезе во 61. минута, за жал во големата трагедија го загуби животот во Кочани.
„Со голема празнина и бескрајна болка по загубата на Андреј Лазаров, денеска се обидовме да се вратиме во тренажниот процес. Сепак, денешниот тренинг беше откажан на барање на играчите! Тренинзите и остатокот од сезоната ќе ни бидат најтешките досега, но ќе играме за него, со него и во негова чест. Андреј секогаш ќе биде дел од нашето семејство“, се вели во соопштението на Шкупи.
Низ својата кариера Лазаров покрај за Шкупи настапуваше и за Тиквеш, Работнички и Металург во Македонија, а пак во Хрватска беше дел од екипите на Горица и Рудеш.