Втора женска фудбалска лигаФудбал

Вардар со лесна победа над Слободен од ОСУМ гола – Јанковска и Новак двојни стрелци!

Сподели
ФОТО: Победничка фотографија од соблекувалната на Вардар
Сподели

Со убедлива победа од 0:8 екипата на Вардар предводена од Теодора Димитровска го декласираше дебитантот Слободен во воведниот меч од 10. коло на Втората женска фудбалска лига.

Голем хендикеп за екипата на Слободен беше тоа што на денешниот терен настапи со 11 фудбалери, односно без ниту една фудбалерка на клупата за резерви и фактот што домаќинот не можеше да ротира дополнилно влијаеше на овој голем пораз.

Разликата во квалитет меѓу Слободен и Вардар е огромна и сосема беше очекувана оваа висока победа за девојките на Димитровска.


Резултатот го отвори искусната Теодора Јанковска која по само три минути игра погоди за 0:1 и водство на Вардар, а веќе во 5. минута од мечот резултатот беше 0:2, откако гол постигна Анастасија Милановска. До крајот на првиот дел Натали Павловска капитулираше по третпат, откако Јанковска постигна втор гол за 0:3 на полувреме.

ФОТО: Екипата на Вардар на денешниот меч против Слободен

Во вториот дел продолжи да се тресе мрежата на Слободен, откако Ива Новак постигна два гола во десет минути за 0:5, а до крајот на мечот стрелаа и Матеја Анчевска, Миа Закев и Мирјана Ѓеровска за конечни 0:5.


Екипата на Вардар сака да го сочува второто место кое води кон баражот за можен влез во Прва лига, а притоа да го напаѓа и првото место, а пак Слободен и натаму е единствен тим кој не се израдувал на триумф.

ФОТО: Музафер Исмаили, контролор на натпреварот

Правдата на мечот ја делеше Моника Даштевска, а нејзини помошници беа Бојан Божиновски и Алекснадар Нешковски, а пак контролор на мечот беше Музафер Исмаили.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!