Ракомет

Ракометарките на Ѓорче Петров против Варар, Металург Автокоманда го пречекува Куманово!

Сподели
ФОТО: ЖРК Металург Автокоманда
Сподели

Шампионот Ѓорче Петров кој е лидер на табелата во плеј-офот на женската ракометна Суперлига, во рамки на 8. коло на домашен терен ќе го пречека Вардар. „Лавиците“, кои имаат максимален ефект со осум победи од осум натпревари, ќе продолжат со напад за нов триумф, додека Вардар ќе се бори за својата втора победа во плеј-офот.

Ракометарките на Астибо ќе се соочат со тежок предизвик со гостуваат кај фаворизираниот тим на Чаир. Токму Чаир, кој сака да го сочува второто место, ќе се обиде да го постигне шестиот триумф во плеј-офот. Во исто време, Астибо, кој се наоѓа на дното без бодови, ќе се бори за првиот позитивен резултат, но ќе биде многу тешко за било какво изненадување пред се поради огромната разлика во квалитетот.

Металург Автокоманда ќе ги пречека ракометарките на Куманово на домашен терен, каде што мора да победат за да останат во трката за второто место. Куманово, пак, доаѓа со самодоверба по изненадувањето во Автокоманда.

Фаворитската улога ќе ја има екипата на Металург Автокоманда.

Во рамки на 2. коло на плеј-аутот на женската ракометна Суперлига, ракометарките на Овче Поле ќе гостуваат кај Пелистер во Битола, кои го играат својот прв натпревар откако беа слободни во првото коло. Овче Поле ќе се обиде да го продолжи победничкиот тренд откако победија во првото коло против Стружанка.

Екипата на Шампион на домашен терен ќе се соочи со Деспина, каде домаќинот ќе се обиде да дојде до првите бодови по поразот во првото коло од Спартак. Деспина, пак, ќе се обиде да дојде до првата победа.

Стружанка ќе го пречека Спартак на домашен терен во тежок меч, каде што домаќинот ќе настојува да се опорави од големиот пораз во претходното коло, додека Спартак ќе атакува на нов триумф во борбата за првото место во плеј-аутот.

Во второто коло на плеј-аутот, екипата на Ѓорче Петров 2 ќе биде слободна.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!