Младински фудбалФудбал

ФОТО: Фудбалскиот терен во Куклиш беше во целост запуштен, сега е комплетно реновиран и подготвен за натпревари!

Сподели
ФОТО: Како изгледаше фудбалскиот терен во Куклиш во минатото, како изгледа сега
Сподели

Фудбаслкиот терен во Куклиш со години беше запуштен, обраснат со трева и дрвја, затрупан со ѓубре, комплетно беше уништен во секој сегмент и сведочеше дека некогаш тука се играло фудбал, особено по згаснувањето на некогашниот фудбалски клуб Академија Кукла.

ФОТО: Вака изгледаше фудбалскиот терен во Куклиш во минатото

Но, како што веќе објави Спортска Мрежа фудбалот во Куклиш се врати преку новиот фудбалски клуб Интер Кукла. Раководството на овој клуб со многу љубов, желба за промени го вратија фудбалскиот терен во вистински сјај, овозможувајќи услови за тренирање и одигрување на натпревари.

ФОТО: Вака изгледа сега фудбалскиот терен во Куклиш

Теренот е комплетно искосен и обележен, ѓубрето собрано, соблекуваните реновирани, обезбедени реквизити потребни за тренинг, со што младите фудбалери на ФК Интер Кукла ќе имаат одлични услови за тренирање и одигрување на натпреварите.

„Од запустен хаос до нов дом на фудбалот! Кога го презедовме овој терен, беше заборавен, затрупан со ѓубре, обраснат со трева и дрвја. Но, не дозволивме тоа да нè спречи! Со труд, љубов и заедничка посветеност, го вратиме животот на овој стадион. Сега е чист, среден и подготвен да биде местото каде што младите ќе растат со спортот, каде што ќе се раѓаат нови победи и каде што повторно ќе се чуе звукот на фудбалската магија! Ова е само почеток – иднината ја градиме заедно“, вели Васко Панов од ФК Интер Кукла.
ФОТО: Од левата страна соблекувалната пред реконструкцијата, од десната страна после реконструкцијата
Фудбалот во Куклиш се врати, интересот за него е голем, а дечињата од Куклиш и околината ќе имаат можност да спортуваат и да ги направи своите фудбалски почетоци во ФК Интер Кукла.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!