Останато

Нова доминација и висока победа за Штип УГД, Струмица со висок триумф, а победа однесе и Весна Пробиштип!

Сподели
ФОТО: ОК Штип УГД | АРХИВА
Сподели

Овој викенд се одиграа натпреварите од 5. коло на втората фаза во Првата лига на Македонија за машки одбојкари.

Одбојкарите на Штип УГД забележаа уште една убедлива победа, поради доминантната игра со резултат 0:3 во сетови против Шкендија во Тетово. Во првиот сет, Штип УГД беше подобар со високи 15:25, во вториот со 17:25, а во третиот сет одбојкарите беа доминантни и го добија со убедливи 10:25.

Весна Пробиштип со сигурна игра славеше дома со 3:0 против Јанта Волеј. Во првиот сет, домаќинот беше подобар со 25:17, во вториот со 25:19, а во третиот сет, иако Јанта Волеј даде голем отпор, тимот од Пробиштип ја завери победата со 25:23.

Шампионот Струмица со леснотија го совлада Универзитет Тетово со 0:3 во сетови. Првиот сет заврши со 14:25 за Струмица, вториот со 14:25, а во третиот сет струмичани беа убедливи со 11:25.

Сушево го декласираше Вардар со 3:0, а сетовите ги доби со 25:16, 25:20 и 25:9.

Борец на домашен терен беше подобар од Работнички со 3:1. Гостите го добија првиот сет со 22:25, но Борец ја врати предноста во вториот сет со 27:25, а во третиот сет беше вистински спектакл – Борец го доби со фантастични 35:33. Четвртиот сет заврши со 25:16 за велешани.

Скопје на домашен терен загуби од Лирија со 1:3 во сетови. Првиот сет заврши со 25:22 за Скопје, но потоа Лирија го освои вториот сет со 18:25 и ги доби третиот и четвртиот со 16:25.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Останато

Ланските финалисти ќе се соочат во полуфиналето, Наковски Волеј против Младост УГД во Купот

Бранителот на титулата Наковски Волеј ќе се соочи со Младост УГД во...

Останато

Спортски дух и силна конкуренција на Државното првенство во Tрадиционално Таеквон-До ИТФ

Во саботата, на 14 март, се одржа Државното првенство во Tрадиционално Таеквон-До...

Останато

Македонија го доби првиот параолимпиец на ЗОИ во Милано и Кортина

Зоран Јовановски испиша нова страница во историјата на македонскиот спорт, станувајќи првиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!