Втора лигаФудбал

Саса со моќна игра ја декласираше Брегалница со четири гола, Победа ги шокираше „лавовите“, Башкими слави голема победа!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Каменица Саса го одигра еден од најдобрите натпревари оваа сезона, откако на стадионот „Кукуш“ во Турново со 4:0 ја декласираше Брегалница и комплетно ја надигра во секој сегмент од играта.

„Рударите“ предводени од Сашо Велиновски беа повеќе од одлични на денешниот меч и практично во сите три зони покажаа одличен фудбал, а Брегалница во секоја зона мака мачеше со чести грешки во играта што резултираше со два брзи гола во финишот на првиот меч откако Кристијан Таневски во 41. минута погоди за 1:0, а потоа и Андреј Симевски постигна гол за 2:0 на полувреме.

Тренерот на Брегалница, Трајче Сенев се одлучи да менува на полувреме и ги стави во игра Абази и Глиров, а ги повлече Ѓоргиев и Чилафи, но ниту тоа не вроди со плод, Брегалница не можеше да најде начин да изгради сериозна шанса и да направи сериозне притисок, честите грешки при додавањата особено и во одбраната тоа паметно го користеше Саса. Во 77. минута најдобриот стрелец на Каменциа Саса и втор најдобар стрелец во Втора лига, Андреј Симевски, капитенот на тим кој денес слави роденден постигна втор гол за 3:0, со што Серафимов по третпат капитулираше.

Во игра влезе и новото засилување Давид Голубов кој во финишот од мечот постигна гол за конечни 4:0 со што комплетно се „распадна“ Брегалница која денес го одигра својот најлош натпревар во тековната сезона, оваа денешно бледо издание Брегалница го наплати со тоа што го загуби второто место и сега е на третото место на табелата и ќе следува навистина тежок предизвик за да се врати во Прва лига.

Каменица Саса сега е во позиција не само што ќе напаѓа за четврто место туку амбициите и апетитите растат и ќе прават притисок  за третото место и баражот за Втора лига, а има и зошто, одличната игра и добрите резултати се јасен сигнал за тоа.

Осогово никако да победи и таа тешка борба на тимот се сведува на задоволување само со бод, откако и денес одигра 0:0 против Кожуф на домашен терен и доби само бод во таа жилава борба за „жетварите“ за опстанок. Ќе биде навистина тешко за Осогово во пролетниот дел, а како тргнало опстанокот на директен начин ќе станува невозможна мисија.

И Борец низ слична ситуација, никако да победи, па и денес со бод требаше да се задоволи откако одигра 1:1 против Новаци во гостин. Милан Чичевски постигна гол за 0:1 на полувреме и водство на полувреме, а во вториот дел Новаци доби два пенали, од кои еден реализиараше преку Стефан Јовановски за конечни 1:1, откако едниот пенал не го искористи Новаци за пресврт.

Вардар Неготино со победа од 2:0 на домашен терен против Скопје оди чекор напред кон рано обезбедување на опстанок во Втората лига и со тоа мирна завршница од сезоната. Новото засилување Глигор Шиков погоди во 31. минута за 1:0 на полувреме, а во вториот дел Мартин Младеновиќ постигна гол за конечни 2:0.

Охрид преку пресврт го забележа првиот пролетен триумф совладувајќи ја Беласица на домашен терен со 2:1. Повратникот Александар Коцев во 8. минута погоди за 0:1 на полувреме, а во вториот дел Оливер Дишлиевски постигна два гола за конечни 2:1 на „Билјанини Извори“.

Башкими го доби големото дерби против Арсими на домашен терен, дерби за прва лига и дерби каде императивот за трите бодови беше огромен. По 0:0 на полувреме, на стартот од вториот дел Башкими преку Хебиб Саити дојде до предност од 1:0, а во 79. минута Ардит Демири постигна гол за 2:0. Во финишот од мечот Арсими преку Ајрадин Цуцули го ублажи поразот на конечни 2:1.

ФОТО: ФК Башкими

Победа на домашен терен преку пресврт го шокираше лидерот Македонија ЃП, кој запиша втор пораз во низа откако резултатот во Прилеп беше 2:1. Ѓорги Дошев постигна гол за 0:1, а во вториот дел Леонид Кофилоски и Филип Димоски направија пресврт за конечни 2:1 и голем триумф за Победа.

Детонит Плачковица го декласираше „фенерџијата“ Вардарски со 1:4 во Богданци и со тоа му става печат на Вардарски за „виза“ која го носи тимот назад во Трета лига – Исток.

Сите четири голови радовишани ги постигнаа во првиот дел, откако двапати погоди Дамјан Масевски, а по еден гол постигнаа Давид Јошески и Александар Смилков. Во вториот дел Вардарски преку Мирон Илиевски ги постави конечни 1:4. Со вакви игри во пролетниот дел Вардарски е далеку од тим за бараж, а не пак за директен опстанок. Дефинитивно Богданци од следната сезона одново ќе следи третолигашки фудбал, а ова ќе биде само епизодна улога на Вардарски во Втората лига после враќање од 27 години.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРА ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 1932 АД 18 13 2 3 33 8 +25 41
2 АД ФК Башкими 1947 Куманово 18 12 3 3 28 14 +14 39
3 ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД 18 11 4 3 26 16 +10 37
4 ФК АРЕСИМИ-1973 18 10 3 5 30 18 +12 33
5 ФК КАМЕНИЦА САСА 18 9 4 5 33 22 +11 31
6 ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 18 7 8 3 25 16 +9 29
7 ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 18 8 4 6 24 20 +4 28
8 ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА 18 6 9 3 19 14 +5 27
9 ФК СКОПЈЕ АД 18 6 8 4 21 15 +6 26
10 ФК БЕЛАСИЦА АД 18 5 7 6 20 21 -1 22
11 ФК ПОБЕДА АД 18 6 3 9 23 27 -4 21
12 ЗФК НОВАЦИ 2005 18 5 5 8 19 19 0 20
13 ГФК ВАРДАР Неготино 18 6 2 10 24 33 -9 20
14 ГФК ОСОГОВО 18 2 4 12 14 35 -21 10
15 ФК БОРЕЦ 1919 АД 18 1 4 13 9 32 -23 7
16 ФК ВАРДАРСКИ 18 1 2 15 13 51 -38 5

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Фудбал

Висок пораз на битолски Конзули во Кочани – четири гола за Христијан Крстов

Синоќа беше отворено 7. коло во Втората футсал лига со убедливата победа...

ФудбалФутсал

Форца броеше до десет, Проект и Кеги Моби до високи победи!

Фаворитите одиграа според планот – шампионот Форца броеше до десет против Јувентус...

Втора лигаФудбал

Митревски: Во Осогово ништо не е случајно!

Есенската полусезона во Втората лига донесе многу причини за радост во Кочани,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!