Прва женска фудбалска лигаФудбал

Истатов домаќин на Тиверија Брера, Атлетико гостува кај Каменица Саса, шампионот Љуботен гостува во Битола!

Сподели
ФОТО: ЖФК Тиверија Брера
Сподели

В недела со четири натпревари од 15. коло започнува пролетната полусезона на Првата женска фудбалска лига, каде три екипи ќе водат борба за титула, тоа се лидерот Тиверија Брера, второпласираната Каменица Саса и шампионот Љуботен кој е трет, а за што веќе Спортска Мрежа имаше анализа на целата борба за титулата.

Во рамки на првото пролетно коло Истатов на домашен терен во Пржино ќе се соочи со лидерот Тиверија Брера, кој доаѓа како фаворит, екипата на Атлетико ќе патува во Македонска Каменица каде ќе се соочи со фаворитот Каменица Саса, тим кој ќе брка негатива за титула.

Шампионот Љуботен ќе има лесна задача во Битола каде ќе се соочи против тимот на Топ Гол, во меч каде гостинот ќе биде повеќе од апсолутен фаворит, а во првото пролетно коло Речица на домашен терен ќе игра против Ас Јуантјед од Струга.

Во рамки на првото пролетно коло екипата на Скопје ќе биде слободна.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Македонска судиска тројка ќе дели правда на дуелот од младинската лига помеѓу Нант – Макаби Хаифа

Утре, со почеток од 17:00 часот, на стадионот Stade de La Beaujoire – Louis Fonteneau во Нант ќе се одигра натпреварот меѓу младинските...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Милош Гавриловиќ е нов селектор на женската одбојкарска репрезентација на Македонија

Српскиот стратег Милош Гавриловиќ е назначен за нов селектор на женскиот сениорски национален тим. Актуелниот тренер на романскиот Динамо Букурешт е изборот на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Железарец непоразен лидер, Каршиака се проби до второто место, Карадаку без бодови

По седум одиграни кола во Втората футсал лига ланскиот прволигаш Железарец е...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!