ФудбалФутсал

Јувентус Серева го декласираше второлигашот Партизан Југ и закажа полуфинале во футсал Купот!

Сподели
Сподели

Вечерва со еден натпревар беше отворено четвртфиналето од футсал Купот на Македонија, каде прволигашот Јувентус Серава со 11:2 го декласираше второлигашот Партизан Југ од Брвеница, со што прволигашот закажа полуфинале.

Фаворитската улога и домашниот терен го направија Јувентус Серава на овој меч да биде голем фаворит за триумф кој ќе значи следна фаза од Купот.

Хет-трик на натпреварот за домашниот состав постигнаа Армандо Алијевиќ и Ќендрим Абази, а пак по еден гол постигнаа Ведат Бајрами, Гезим Бакиевски, Енез Јусуфи, Осман Мустафа и Керим Мамуд.

За екипата од Брвеница двоен стрелец беше Тео Симњановски, со еден гол во првото и еден гол во второто полувреме.

Утре ќе се одиграат останатите три меча и ќе бидат познати сите полуфиналисти. Во Штип второлигашот Мал Ајакс ќе се соочи со прволигашот Осогово од Крива Паланка, второлигашко соочување на Балкан и Кратово и дерби на бранителот на Куп титулата Форца против Шкупи.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!