Во рамки на зимските подготовки за вториот дел од сезоната во Третата македонска фудбалска лига – Исток, во Берово ќе се одигра пријателски меч меѓу Малеш и Брегалница од Делчево.
Двете екипи преку овој натпревар ќе имаат можност да ја проверат формата односно како оди подигањето на истата за пролетната полусезона.
Натпреварот е закажан за во недела со почеток од 13:30 часот, а истиот ќе се одигра на Градскиот стадион „Димитар Беровски“ во Берово.