Прва лигаФудбал

Грујоски ќе ја суди мега пресметката на Чаир, Ставрев главен во Битола, Трпчевски патува во Охрид

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Откако заврши репрезентативната пауза в недела ќе се одиграат натпреварите од 5. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со тоа се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на сите шест прволигашки натпревари, кои ќе започнат во 15 часот.

Фуркан Идризи ќе биде задолжен за правдата на Националната арена меѓу Работнички и освојувачот на Купот екипата на Тиквеш, Александар Василевски ќе патува во Струмица каде ќе им суди на Брера и Беса, Александар Ставрев ќе биде задолжен за правдата меѓу повратникот во елитата Пелистер и шампионот Струга Трим Лум.

На Чаир се игра мега дерби пресметката меѓу лутите ривали Шкупи и Шкендија, а задолжен за правдата ќе биде Александар Грујоски, Стојанче Трпчевски ќе патува во Охрид каде ќе се соочат Воска Спорт и Силекс, а пак Димитар Пилешков ќе им суди на Гостивар и Вардар на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 5. КОЛО ПРВА ЛИГА:

Работнички – Тиквеш, Фуркан Идризи (Тетово)

Брера Струмица – Беса, Александар Василевски (Скопје)

Пелистер – Струга Трим Лум, Александар Ставрев (Скопје)

Шкупи – Шкендија, Александар Грујоски (Кичево)

Воска Спорт – Силекс, Стојанче Трпчевски (Кавадарци)

Гостивар – Вардар, Димитар Пилешков (Штип)

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!