Ракометарите на Радовиш во саботата на домашен терен во СРЦ „25 Мај“ се израдуваа на првата сезонска радост откако со 33:30 беше совладана Струга. Но, конечно во клубот дуват убави ветришта, се формира квалитетен ростер, вратени се искусните Ивица Илиев, кој одново ќе „решета“ за радовишани, како и голманот Славјан Паунов, кој со неговото огромно искуство носи стабилност на голот и ќе го пренесува неговот големо искуство врз младите голмани.
Радовиш покажува нов лик во играта, голема борбеност, желба за игра и докажување на теренот, борба за секоја топка, брза игра и гол повеќе во мрежата на противникот. Радовиш ќе има и екстра засилување, ќе инфорамираме деновите подетално, а тимот веќе сериозно се подготвува за најважното, а тоа е плеј-аутот каде ќе бидат клучните натпревари.
Радовиш може до директен опстанок и тоа е повеќе од сигурно, ќе има и уште подобра игра, се работи напорно се подига формата, па овие натпревари од регуларниот дел ќе бидат воедно и проверка на формата пред најважното, плеј-аутот. Радовиш кој пред испаѓањето минатата сезона во Првата лига, имаше стабилност една деценија во Суперлигата играше и плеј-оф, а минатата сезона младите тренери Александар Долдуров и Спасе Ѓоргиев го вратија тимот во Суперлигата, а сега кога конечно работите се менуваат на подобро Радовиш е на добар пат и да обезбеди директен опстанок.
Сега кога и спортскиот храм во Радовиш е реновиран, кога е вратен вистинскиот сјај, за што ракометарите имаат значително подобри услови за тренинг и натпревари е дополнителна предност на патот кон остварување на целта на Радовиш, опстанок во Суперлигата.
Овој викенд Радовиш ќе гостува во Велес кај тимот на Бисинов, каде ќе гледаме меч на испитување на силите на двете екипи за плеј-аутот, а радовишани ќе сакаат со сигурност да вратат за ремито на домашен терен (29:29), а заминувањето на Ивица Илиев и Славјан Паунов токму во Радовиш, заминувањето на Тоше Ончев од Бисинов, ќе биде сериозен предизвик за велешани.