Ракометарите на Радовиш се израдуваа на првата сезонска победа, откако вечерва во СРЦ „25 Мај“ славеа против Струга со 33:30 во рамки на 18. коло од Суперлигата. Радовиш, кој се засили со повратниците Ивица Илиев и голманот Славјан Паунов го подига квалитетот на повисоко ниво и повеќе од сигурно е дека клубот ќе биде конкурентен за директен опстанок.
Радовишни под водство на тренерското дуо Спасе Ѓоргиев и Александар Долдуров одлично го отворија натпреварот, а на полувреме имаа предност од два погодоци за 17:15.
Во вториот дел стружани постојано бркаа негатива од два го три погодоци, но во еден момент стигнаа и на гол разлика, но сепак домашниот тим не дозволи Струга да израмни и да изненади, па мечот го добија со 33:30.
Најдобар стрелец кај Радови шбеше Здравко Постолов со десет реализации, а толку имаше и Алекснадар Стојков кај Струга.
Радовиш сега на своето конто има три бодови, а пак Струга има шест.