Екипата на Аеродром за пролетниот дел во Трета лига – Север се засили со младиот фудбалер Дамјан Антевски.
Се работи за 19-годишен талентиран фудбалер кој во тимот на Аеродром пристигна од редовите на второлигашот Кожуф од Гевгелија, а низ својата кариера беше дел од третолигашот Куманово, а има настапувано и за младинските категории на Македонија ЃП и Работнички.
Аеродром со Антевски го освежува ростерот за вториот дел од сезоната, кој го отвара против Куманово, а се наоѓа на 4. место на табелата со 24 бодови и учинок од осум победи и пет порази.