ФудбалФутсал

Каршиака го изненади Балкан на гостински терен, Карадаку се израдува на прва сезонска победа!

Сподели
Сподели

Екипата на Балкан на домашен терен изненадувачки доживеа пораз од Каршиака со 3:8.

Со оглед на амбициите на Балкан и засилувања, клубот најаува отворени амбиции за влез во Првата лига, но во рамки на 11. коло се „сопна“ и загуби од Каршиака.

Првиот дел беше неизвесен со 2:3 на полувреме за гостинскиот тим, кој пак во вториот дел беше подобар и ја потврди големата победа. За Балкан стрелци беа голгетерот Ибрахим Алији со два гола и Емин Незири кој погоди еднаш, а пак за Каршиака стрелаа Неџати Шабани и Енис Ибраими со по два гола, а по еден гол постигнаа Нехат Емини, Енис Мемеи, Кани Ќани и Фуркан Ќани.

ФОТО: Балкан – Каршиака 11. коло Втора футсал лига

Ланскиот прволигаш Карадаку конечно се израдува на победа, откако дури во рамки на 11. коло ја забележа првата сезонска победа совладувајќи го струшки Енхалон со 7:6 на домашен терен.

Домаќинот уште во првиот дел од мечот кој се играше во Липково покажа дека сака триумф и конечна радост откако на полувреме имаше 3:1.

Стрелци за Карадаку беа Омер Саќипи и Семир Арифи со по два гола, по еден гол постигнаа Нуриамет Саити, Салим Реџепи и Шабани Валмир, а пак за гостите од Струга хет-трик постигна Стојче Аџиоски, двоен стрелец беше Тони Прќакоски, а еден гол постигна Хадис Тафилоски.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!