Трета лигаФудбал

Третолигашот Пчиња се засили со искусниот Александар Божинов

Сподели
Сподели

Третолигашот Пчиња за пролетната полусезона се засили со искусниот Александар Божинов, се работи за фудбалер кој во Пчиња ќе донесе второлигашко искуство, а кој е повратник во редовите на Пчиња, тој беше дел од тимот и помогна во влезот на Пчиња од Четврта во Трета лига.

Низ својата кариера Божинов покрај за Пчиња има настапивано и за Петровец, Илинден, Љубонци кога клубот беше дел од Втората лига, како и за екипата на Трубарево.

Целта на Пчиња за пролетниот дел ќе биде опстанок во Трета лига – Север, а сезоната ја отвара со дерби против Њу Старс, тоа ќе биде дерби на двата нови третолигаши, како и дерби од долниот дел на табелата за опстанок во Трета лига – Север.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Голем хуман гест за голем јубилеј: Фудбалската школа „Еден на Еден“ од Могила слави 15 години со добротворна акција!

Фудбалската школа „Еден на Еден“ од Могила одлучи својот 15-годишен јубилеј да го одбележи на посебен начин – наместо со традиционална прослава, младите...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Каранфиловска и Коловска за важни три бода: Истатов го совлада Кочани, кој остана „закован“ на дното

Фудбалерките на Истатов го совладаа Кочани со 2:0 во последниот натпревар од 11. коло на Првата женска фудбалска лига. Ања Каранфиловска и Андреа...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Елмас влезе кога Аталанта веќе губеше со 0:3: Парма го реши мечот пред неговото влегување

Елиф Елмас доби шанса во последните триесетина минути, но Аталанта веќе беше...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!