Ракомет

Патот на радовишанецот Горан Томов во светот на ракометот: Дисциплина и посветеност, резултатот ќе дојде сам!

Сподели
Сподели

На 15 години, Горан Томов ја започнува својата ракометна кариера во младинските категории на РК Радовиш. Со многу труд и посветеност, тој стигна до сениорскиот тим, каде го гради својот талент и беше еден од големите таленти на клубот, во кој РК Радовиш гледаше ракометар кој во иднина ќе може да биде еден од носителите на играта. Животниот пат го носи во Германија, но останува и натаму посветен на на овој спорт и продолжува со играње ракомет.

Томов за Спортска Мрежа раскажува како започнува со ракометот и од каде љубовта кон овој спорт, вели дека тренирал кратко и фудбал, но сепак ракометот е спортот кој го засакал тогаш 15-годишниот Горан Томов.

„Почнав на 15 години да тренирам ракомет во РК Радовиш, уште во основно училиште имав некои симпатии кон ракометот. Тогашниот наставник по спорт Душко Кландев кој беше ракометен голман во Радовиш често на неговите часови ни даваше да играме ракомет. Често со другарите одевме да ги гледаме натпреварите на РК Радовиш и од тоа ми се роди желба за ракомет. Зошто не друг спорт? Пред ракомет тренирав фудбал но не беше тоа тоа, а во ракометот почуствував нешто посебно и знаев дека е тоа“, вели Горан Томов, кој сега игра ракомет во Германија.

Тој раскажува дека во РК Радовиш научил доста за ракометот, тука тој ги учи основите на овој спорт и се изградува како ракометар. Вели дека тренерот Игор Конзулов вложил многу време и трпение во генерацијата во која бил Томов. Сепак, тој за Спортска Мрежа вели дека било штета што клубот во тоа време не вложил повеќе во нив.

„Во РК Радовиш научив доста за ракометот. Во тоа време кога почнав јас бевме нова генерација на играчи, која само што започна да тренира ракомет. Тогаш тренер ни беше Игор Конзулов, кој вложи доста време и трпение во нас. Благодарејќи на него од година во година напредувавме и имавме добри резултати со младинската екипа. За жал, повеќето од нас сега не играат професионално ракомет, мислам дека е штета што тогаш клубот не вложи повеќе во нас. Затоа што имаше потенцијал во нашата генерација, за денес да го води сениорскиот тим. Јас ги поминав сите младински категории и бев дел од сениорскиот тим неколку месеци, но потоа заминав за Германија.

Томов и натаму игра ракомет, сега во Германија, настапува во тимот на ТСВ Гогинген, станува збор за млада екипа со млад и амбициозен тренер, а целта е промоција во повисок ранг на натпреварување.


„Играм за екипата на ТСВ Гогинген која се натпреварува во ниските лиги. Станува збор за млада екипа со млад и амбициозен тренер. Целта за оваа сезона е да завршиме први на табелата, како би играле следната сезона во повисока лига. Моментално сме втори на табелата но се уште имаме шанси за прво место“, ни изјави Томов.

Радовишанецот вели дека засега нема планови за враќање во македонскиот ракомет, односно останува да игра во Германија каде и живее.

„Засега немам некои планови за нешто по професионално или за враќање во Македонија. Но, никогаш не се знае што може да биде. Сега најважно ми е здравјето, да бидам без сериозни повреди како би можел да го дадам својот максимум за тимот“, додава Томов.

Томов во разговорот со редакцијата на Спортска Мрежа испрати и една порака до младите спортисти, вели дека не треба да се откажуваат од своите цели во животот.


„Да не се откажуваат од своите цели во животот, да се фокусираат на тоа што сакаат да бидат во иднина. Пред се да бидат истрајни и дисциплинирани, резултатите ќе дојдат сами“, вели Горан Томов во разговотор за Спортска Мрежа.

Томов е пример за посветеност, со голема љубов кон ракометот, тој секогаш го даваше максимумот во РК Радовиш на секој тренинг, натпревар, редовен, посветен, дисциплиниран, пример за еден млад ракометар како треба да го следи патот на успехот. Тој беше алката во тимот, играч кој се издвојуваше и кој брзо напредуваше, но животниот пат го носи во Германија каде и таму продолжува со ракометот.

Можеби околностите ќе се променат, можеби еден ден одново ќе го видиме во македонскиот ракомет, во секој случај се работи за играч со голем потенцијал.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Драчево Јуниор пресилен за Шампион, победи за Аеродром и Партизан, Преспа со пораз ја затвори 2025 година!

Екипата на Драчево Јуниор забележа висока победа во рамки на 14. коло...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!