На предлог на претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз Кочани, Александар Андов, а со едногласна одлука на Управниот одбор на ОФС Кочани, Столе Тошев доби нов четиригодишен мандат како секретар на Општинскиот фудбалски сојуз Кочани.
Тошев како секретар ОФС Кочани претходно го водеше од 2022 до 2024 година, а овој ОФС е организатор и на Третата македонска фудбалска лига – Исток, регион кој важи за еден од најдобро организираните.
Претходно, Столе Тошев доби признание за најдобар спортски работник во општина Кочани.