Кошарка

Гевгелија ќе биде домаќин на кошаркарскиот Куп на Македонија

Сподели
ФОТО: КФСМ
Сподели

Согласно со пропозициите за натпреварување на Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ 2025 во машка и во женска конкуренција, Македонската кошаркарска федерација распиша конкурс за техничка организација на завршниот турнир од ова натпреварување.

По предвидениот рок за испраќање на пријави за добивање на организацијата, донесена е одлука организацијата на финалниот турнир за натпреварувачката сезона 2024/2025 година, да му се додели на КК „Кожув“  од Гевгелија.

Завршниот турнир во „Фајнал-ејт“ формат во машка конкуренција односно во „Фајнал-фор“ формат во женска конкуренција, ќе се одигра во периодот од 13. до 15. февруари, 2025 година, во спортската сала „26. Април“ во Гевгелија.

Согласно претходното, формирани се следните четвртфинални (1/4) двојки кои ќе разигруваат во завршницата на Купот на Македонија за 2025 година, „Благоја Георгиевски – Буштур“

Четвртфинале (1/4):
Двојка 1. (1) КК „ТФТ АД“ – (8) КК „Гостивар АД“, 13.02.2025 година, четврток,
Двојка 2. (2) КК „Пелистер АД“ – (7) КК „Чаир 2030 АД“, 13.02.2025 година, четврток,
Двојка 3.  (3) КК „МЗТ Скопје Аеродром АД“ – (6) КК „Работнички АД“, 13.02.2025 година, четврток,
Двојка 4.  (4) МКК „Куманово АД“ – (5) КК „Кожув АД“, 13.02.2025 година, четврток,

Полуфинале (1/2):  Победник од двојка 1 со победник од двојка 4, 14.02.2025 година, петок (Двојка 1).
Победник од двојка 2 со победник од двојка 3, 14.02.2025 година, петок (Двојка 2).

Финале:  Победник од двојка 1 со победник од двојка 2, 15.02.2025 година, сабота.

Согласно членот 23 од Правилникот за натпреварување во сениорските лиги, екипи кои ќе се натпреваруваат во завршницата од Купот на Македонија кој ќе се одигра 14-15.02.2025 година се:

Полуфинале (1/2):  Двојка 1.  (1) ЖКК „Крива Паланка“ – (4) ЖКК „Вардар“, 14.02.2025 година, петок.

Двојка 2. (2) ЖКК „Баскет Кам“ – (3) ЖКК „Бадел 1862“, 14.02.2025 година, петок,

Финале:  Победник од двојка 1 со победник од двојка 2, 15.02.2025 година, сабота.

Сподели

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Кошарка

Познати двојките за четвртфиналето од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ во женска конкуренција

По завршувањето на седмото коло во Прва женска кошаркарска лига, веќе се...

Кошарка

Фаворитите според планот: Баскет Кам и Крива Паланка убедливи, Патриот со нов пораз!

Седмото коло од Првата женска кошаркарска лига донесе доминација на фаворитите и...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг...

Кошарка

Гевгелија го пречекува незгодниот ривал Шар Планина во дербито на колото

Во машката Аматерска лига викендов ќе се одиграат натпреварите од 6. коло,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!