Кошарка

Шампионот МЗТ Скопје со триумф над Чаир, Работнички го декласираше Вардар, Пелистер доживеа пораз!

Сподели
Сподели

Овој викенд се одиграа натпреварите од 16. коло на Првата кошаркарска лига на Македонија. Тоа што го најавуваше Спортска Мрежа пред неколку дена и се случи, екипата на Шкупи која беше во победничка серија од две победи, ја забележа третата победа во низа, откако славеше над фаворитот ТФТ Скопје на домашен терен со што ТФТ го забележа два порази во низа.

Феникс и Тиквеш играа продолженија, а на крајот подобар беше домаќинот, кој триумфираше со 112:103.

Пелистер пак им се врати на поразите, откако по два порази славеше над Гостивар, сега одново пораз, овој пат од Кожув во Гевгелија и тоа со висок резултат од 91:73.

МКК Куманово на гостински терен прокнижи десетта сезонска победа, откако успеа да го совлада претпоследниот Гостивар, кој пак го забележа четвртиот пораз во низа за вкупно 11 порази во тековната сезона. Конечниот исход од средбата беше 54:62 во полза на тимот на МКК Куманово.

Шампионот МЗТ Скопје со 86:74 забележа победа против Чаир, кој во третата и четвртата четвртина се обиде да парира. Првата четвртина заврши со 26:14, а втората пак со 26:17. Во третата четвртина гостинот беше подобар со 20:21, а во последната четвртина Чаир се обиде да надокнади, но тоа беше доволно за ублажување на поразот, откако четвртината ја доби со 14:22.

Работнички не виде мака и забележа сосема очекувана победа над „фенеријата“ Вардар со 112:73, со што тимот на Вардар го впиша 16-тиот сезонски пораз и со тоа е единствен тим кој нема триумф во Првата кошаркарска лига на Македонија.

  • ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА КОШАРКАРСКА ЛИГА НА МАКЕДОНИЈА:
# Тим ОН Поб Пор КД КП КР Бод
1 МЗТ Скопје Аеродром 16 13 3 1337 1093 244 29
2 ТФТ ад Скопје 16 11 5 1254 1226 28 27
3 Работнички 16 10 6 1328 1224 104 26
4 КожуВ 16 10 6 1311 1211 100 26
5 МКК Куманово 16 10 6 1260 1198 62 26
6 Пелистер 16 10 6 1325 1295 30 26
7 Чаир 2030 16 8 8 1367 1366 1 24
8 Феникс 2010 16 7 9 1252 1330 -78 23
9 Еуро Никел 2005 16 6 10 1289 1358 -69 22
10 Шкупи 16 6 10 1230 1369 -139 22
11 Гостивар 16 5 11 1172 1158 14 21
12 Вардар 16 0 16 1165 1462 -297 16

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано...

Кошарка

Познати двојките за четвртфиналето од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ во женска конкуренција

По завршувањето на седмото коло во Прва женска кошаркарска лига, веќе се...

Кошарка

Фаворитите според планот: Баскет Кам и Крива Паланка убедливи, Патриот со нов пораз!

Седмото коло од Првата женска кошаркарска лига донесе доминација на фаворитите и...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!