Прва лигаФудбал

Прволигашки пријателски меч: Беса подобра од Пелистер со два гола!

Сподели
ФОТО: KF BESA Dobërdoll 1976
Сподели

Денес на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид се одигра пријателски меч на прволигашите Пелистер и Беса од Добри Дол, меч кој заврши со триумф од 0:2 за тимот на Беса.

Овој меч беше последен во рамки на подготовките на Пелистер во Охрид, каде изминатиот период ја реализираше главната фаза од зимските подготовките. Стрелци за тимот на Горазд Михаилов беа Арсим Љамалари и Адмир Љатифи за триумф против битолскиот тим.

Пелистер пролетниот дел го отвара на домашен терен против Брера Струмица, додека пак Беса на истиот овој терен односно на СРЦ „Билјанини Извори“ ќе игра дерби од долниот дел на табелата против охридска Воска Спорт.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!