ФудбалФудбалска репрезентација

Состанок на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ со Министерот за спорт, Борко Ристовски

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ одржа состанок со Министерот за спорт, Борко Ристовски во „Куќа на фудбалот“.

Главниот фокус во разговорот меѓу претседателот на ФФМ и Министерот за спорт е иницијативата на двете институции насочена кон развој на фудбалот и спортот, воопшто.

Дискусијата на која присуствуваше и генералниот секретар на ФФМ, Дрилон Ганиу се фокусираше на распределба на средствата од државниот буџет наменети за спортот, подобрување на инфраструктурата, инвестирање во програми од грасрут и национални натпреварувања.

Министерот за спорт, Борко Ристовски ја потврди заложбата за финансирање во фудбалот и упати порака за партнерски однос со ФФМ и поддршка на иницијативите на Федерацијата, нагласувајќи дека развојот на фудбалот се усогласува со националните спортски политики.

Беа дискутирани плановите за подобрување на инфраструктурата на стадионите, подобрување на тренинг центрите и поддршка на младинските селекции.

И министерот и претседателот на федерацијата ја истакнаа важноста на соработката во фокус на јавниот интерес. Се согласија со предлогот за подеднаква распределба на средствата од Министерството за спорт за клубовите кои ги исполнуваат условите за државна поддршка.

„Нашата заложба е да ја поддржиме Федерацијата. Фудбалот е јавен интерес и мора да помогнеме  обезбедувајќи правичност и раст на сите нивоа“, истакна министерот Ристовски.

Омерагиќ ели дека еднаквиот третман за сите е приоритет и тоа ќе го реализират.

„Ние сме луѓе од спортот и навистина не радува тоа што заедно со Министерството за спорт започнуваме ново ниво на соработка, професионализам и транспарентност. Ја цениме поддршката на владата во создавањето услови за развој на спортот. Една од клучните работи за која се согласивме е распределбата на средствата од Министерството за спорт наменети за клубовите. Еднаквиот третман за сите е наш приоритет и тоа ќе го реализираме. Имаме јасна визија за вложување во фудбалот и спортот воопшто, а кога имате партнер кој точно ги знае потребите, тогаш е многу полесно“, истакна претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Влазерими и Караорман, Владимир Ѓорѓиевски главен на средбата меѓу Крошу Спорт и Могила

Викендот се играат мечевите од 9. коло на Трета лига регион 5, а кое коло се отвара утре со мечот меѓу Напредок и...

Кошарка

(ВИДЕО) 30 години од историската победа на МЗТ Скопје над Реал Мадрид – вечерта кога „Лименката“ го сруши шпанскиот гигант!

На денешен ден, 6 ноември, пред точно 30 години, македонската кошарка испиша една од своите најславни страници. МЗТ Скопје Аеродром во незаборавна атмосфера...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Иљами Исејни го објави списокот на фудбалери за УЕФА квалификациите за Македонија до 17 години

Селекторот на македонската репрезентација до 17 години, Иљами Исејни, го објави списокот...

Прва лигаФудбал

Трите бодови останаа во Кавадарци: Тиквеш со минимален резултат го доби Скопје

Тиквеш го совлада Скопје со 1-0 во првиот натпревар од 13.коло во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!