Трета лигаФудбал

Слога Виница не застанува: Промоција на искусниот Филип Петковски и младиот голман Јован Стојанов!

Сподели
Сподели

Третолигашот Слога Виница не застанува со ангажирање на нови играчи за пролетниот дел од сезоната, клубот предводен од Емил Грнев доби два нови играчи за вториот дел од сезоната. Се работи за Филип Петковски и за голманот Јован Стојанов, кој веќе се претставени во дресот на новиот клуб.

34-годишниот Петковски е искусен играч кој носи големо искуство во Слога Виница, доаѓа од редовите на некогашниот прволигаш Еуромилк, а низ својата кариера има настапувано и за Вардар Неготино, Гостивар, Вардар, Скопје, Тетекс, Работнички, Ренова, Брера Струмица, Хоризонт Турново и Тиквеш. Стојанов е млад и талентиран голман кој  во Слога Виница доаѓа од екипата на Вардар Неготино.

Слога Виница без проблеми ќе се прошета низ Трета лига – Исток и ќе го потврди првото место, па затоа фокусот е ставен на баражот за Втората лига, меч кој е клучен за враќање во Втората лига.

Слога Виница, како што веќе информираше Спортска Мрежа е на подготовките во Дојран, каде СЦ „Истатов“ нуди одлични услови за работи и подигање на формата, а во Дојран екипата на Слога Виница ќе одигра и два пријателски натпревари против второлигашот Кожуф и Вардар Неготино.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без победник, откако двете екипи одиграа 28-28 во салата „Билјанини извори“. Натпреварот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

Трета лигаФудбал

Речица не допатува – кичевски Напредок добива службени три бода

Воведниот меч од 13. коло на Третата македонска фудбалска лига – Запад...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!