РакометСветско првенство 2025

Подмладената Македонија со пораз од фаворитот Франција го заврши СП!

Сподели
ФОТО: RK Eurofarm Pelister
Сподели

Подмладената Македонија со достоинствен пораз од големиот фаворит Франција го заврши Светското првенство со резултат од 32:25, а на полувреме беше 18:14 во „Вараждин Арена“.

Македонија дефинитивно одигра одлично Светско првенство, на кое покажавме дека Македонија имала одличен напредок во под водство на селекторот Кирил Лазаров, но Македонија има што да покаже доправа на големите натпреварување, пред ова генерација дорпава доаѓа времето за уште поголеми успеси.

Капитенот Филип Кузмановски беше најдобар стрелец во нашиот табор со осум погодоци, додкеа пак Дика Мем кај Франција имаше исто така осум гола.

За играч на натпреварот беше програсен македонскиот репрезентативец Марко Митев.

За Македонија ова беше одличен настап на деветтото учество на Светските првенства. Во групата фаза одигравме нерешено со Унгарија, загубивме несреќно со Холандија со судење на наша штета, а го добивме дебитантот Гвинеја.

Во главната фаза ремизирашвме со Австрија, славевме против Катар, а пак загубивме од Франција.

Што се однесува до нашата група 2, Франција е прва со максимални 10 бодови, Унгарија е втора со седум бодови, Холандија е трета со пет бодови, Македонија е на 4. место со четири бодови, а толку има и Австрија која е место подолу и Катар е последен без бодови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Роденденска победа: Младост славеше, а Жоао Габриел Диас Гекас доби изненадување

Младост Богданци вечерва убедливо го совлада Текстилец со 36:22 во елиминациската фаза од ракометниот Куп на Македонија, но триумфот имаше и дополнителна симболика....

Ракомет

Младост доби нов бисер: 13-годишниот Иванџиков дебитираше и погоди во Купот

Младост Богданци вечерва оствари убедлива победа од 36:22 над Текстилец во првата елиминациска фаза од Купот на Македонија, но резултатот не беше единствената...

Поврзани написи
Ракомет

Роденденска победа: Младост славеше, а Жоао Габриел Диас Гекас доби изненадување

Младост Богданци вечерва убедливо го совлада Текстилец со 36:22 во елиминациската фаза...

Ракомет

Младост доби нов бисер: 13-годишниот Иванџиков дебитираше и погоди во Купот

Младост Богданци вечерва оствари убедлива победа од 36:22 над Текстилец во првата...

Ракомет

Куп: Младост го декласираше Текстилец, конечно радост за Радовиш, фаворитите според планот

Вечерва се одиграа натпреварите од првата елиминациска фаза во ракометниот Куп на...

Ракомет

Митревски блескаше, Пелистер до херојски бод во Данска!

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер освои бод на тешкото гостување кај ГОГ Гудме,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!