Распишан конкурс “Биди и ти фудбалски судија” од страна на ОФС Кочани.
Кандидатите треба да бидат на возраст од 16 до 25 години, се однесува и на мажи и на жени.
Конкурсот е отворен до 5. февруари 2025 година, а пријавувањето можете да го направите на 078 948 456 кај Драган Јаневски или на ofskocani@gmail.com.
Изминатиот период мак-фудбалот има недостаток на судии пред се во младинските категории, а овој конкурс има за цел промоција на млади судии.
ОФС Кочани е организатор и на Трета лига – Исток.