РакометСветско првенство 2025

Тунис ја доби драмата со Алжир, Франција, Данска и Шпанија пресилни, на триумф се радува и Словенија!

Сподели
ФОТО: Rokometna zveza Slovenije / Handball Federation of Slovenia
Сподели

Вечерва се комплетираше втората рунда од групната фаза на Светското првенство кое се игра во Хрватска, Норвешка и Данска.

Фаворитите според планот одиграа и веќе поголем дел од екипите обезбедуваат следна фаза. Тунис со тесни 25:26 славеше над Алжир, благододарение на одлично прво полувреме.

Франција немаше проблеми против Австрија и дојде до висока победа од 35:27. Австрија се обиде да парира на почетокот од мечот, но не издржа, бидејќи Французите во текот на мечот го диктираа темпото и резултатот.

Шпанија пресилна беше за селекцијата на Јапонија, мечот заврши со 39:20, со одлично прво и убедливо второ полувреме на Шпанците.

Словенија со 36:24 славеше над селекцијата на Зеленортските острови. Во првиот и во вториот две двете селекции постигнаа по ист број на погодоци, односно Словенија имаше по 18 гола во двете полувремиња, а пак поразената селекција по 12 во двете полувремиња.

Шкедска со второ одлично полувреме ја доби репрезентацијата на Чиле со 30:42, откако во вториот дел репрезентацијата на Чиле буквално се распадна. Во првиот дел резултатот беше 19:20, за што Шведска доби силен отпор, а во вториот дел посериозно ја сфати работата и со 11:22 дојде до конечниот 30:42.

Данска без проблеми ја декласираше Италија со 39:20 со две убедливи и одлични полувремиња на репрезентативците на Данска.

Исланд воопшто не виде мака против Куба и со 40:19 однесе висока победа, а на триумф се радуваше и Катар предводен од Веселин Вујовиќ со 25:22 против Кувајт, со што Катар ќе патува во следната фаза.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!