Трета лигаФудбал

Познато кога започнува пролетниот дел од Трета лига – Исток

Сподели
Сподели

На 9. март ќе започне пролетната полусезона од Третата македонска фудбалска лига – Исток, а дотогаш третолигашите ќе ја темпираат формата. Есенскиот шампион Слога Виница веќе ги започна подготовките, а во следниот период тоа ќе го направат и останатите екипи. Фаворит за шампионскиот пехар е лидерот Слога Виница, тим кој сака враќање во Втората лига.

Во есенскиот дел беа одиграни девет кола, а девет ќе бидат одиграни и во пролетниот дел, за вкупно 18 во двокружен систем на натпреварување.

Пролетниот дел ќе биде отворен со натпреварите од 10. коло, а во рамки на истото Слога Виница на домашен терен ќе се соочи со Малеш од Берово, Светлост во Зрновци ќе ги пречека второпласираниот Овче Поле, Хоризонт Турново ќе биде домаќин на Дојранско Езеро, Ударник ќе игра против Карбинци во Пирава, а пак Брегалница во Делчево ќе го пречека „фенеријата“ Тиверија од Струмица.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!