Прва лигаФудбал

Беса се засили со Јапонецот Јумеми Канда, а го претстави и Шефит Шефити

Сподели
Сподели

Прволигашот Беса од Добри Дол се засили со Јапонецот Јумеми Канда, кој доаѓа од редовите на Шкупи и ќе биде големо засилување, но и освежување за тимот кој сега е предводен од Горазд Михаилов.

30-годишникот за Шкупи одигра 17 натпревари, постигна три гола и имаше една асистенција.

„Задоволство ни е да објавиме дека постигнавме договор со јапонскиот играч за врска Јумеми Канда, кој ќе се приклучи на нашиот тим. Ние како клуб му посакуваме среќа и му посакуваме добредојде во нашето семејство“, велат од клубот.

Денес беше претставен и Шефит Шефити како ново засилување, 26-годишникот доаѓа од редовите на второлигашот Арсими.

Претходно, Шефити има настапувано за Приштина во Косово, за поранешниот прволигаш Ренова како и за Шкендија, од каде и потекнува.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!