Трета лигаФудбал

Шкендија Арачиново се подготвува за баражот за Втора лига: Засилување и во стручниот штаб!

Сподели
Сподели

Амбициозниот третолигаш Шкендија Арачиново не застанува со своите планови за напредок, па по засилувањата во играчкиот состав, клубот продолжува да се засилува и во стручниот штаб. Тимот, кој е есенски шампион во Трета лига – Север, сега максимално се насочува кон баражот за можен влез во Втората македонска фудбалска лига.

Со цел максимално да се подготви за предизвиците што следат, тренерскиот тим на Шкендија Арачиново, предводен од Еркан Мурсели, го доби и новиот помошник тренер Шабан Сулимани. Тој има УЕФА А лиценца и значително искуство како дел од стручниот штаб на прволигашот Гостивар, ќе ги искористи своите способности за да ја подигне ефикасноста на тимот, како за пролетниот дел од сезоната во Трета лига, така и за очекуваната битка за пласман во Втора лига.

Засилувањата во стручниот штаб се одговор на сериозните амбиции на клубот, кој е решен да ја исполни целта за брзо и стабилно напредување во Втора лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

ВИДЕО: Радовишанецот Ѓоргиев со гол на своето деби – погоди против Алкалоид и го надмудри Галевски!

Ракометниот клуб Радовиш и покрај новиот пораз во првенството излезе со светла точка од дуелот во Автокоманда – промовирање на ново младинско богатство....

Втора лигаФудбал

Што ќе донесат денешните натпревари во Виница и Големо Коњари?

Пополека доаѓа моментот за комплетирање на 15. коло на Втората лига кое е последно за есенската полусезона, а со тоа да го имаме...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Што ќе донесат денешните натпревари во Виница и Големо Коњари?

Пополека доаѓа моментот за комплетирање на 15. коло на Втората лига кое...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Големо Коњари – Тетекс

„Фенерџијата“ Големо Коњари на домашен терен ќе го пречека тимот на Тетекс...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Слога Виница – Охрид

Денес на Градскиот стадион во Виница се игра мечот од 15. коло...

Фудбал

Висок пораз на битолски Конзули во Кочани – четири гола за Христијан Крстов

Синоќа беше отворено 7. коло во Втората футсал лига со убедливата победа...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!