Ракомет

Куманово ја засили својата екипа: Лазаревски и Трајковски претставени како нови ракометари!

Сподели
ФОТО: МРК Куманово
Сподели

Ракометниот клуб Куманово продолжува со активностите на трансфер пазарот, потпишувајќи два нови играчи – Стефан Лазаревски и Григор Трајковски, кои ќе ја засилат екипата за претстојниот дел од сезоната.

Стефан Лазаревски е млад и перспективен играч кој претходно настапуваше во младинските категории на клубови како Драчево, РК Будимир, Аеродром, РК Вардар и РК Голден Арт. Неговите добри настапи на теренот и високо ниво на игра го прават значајно засилување за Куманово. Лазаревски е висок 183 сантиметри и тежи 100 килограми.

Григор Трајковски се враќа во Куманово, клубот каде ја започна својата кариера. Трајковски има искуство со настапи во клубови како Алкалоид и Мулти Есенс, а сега се враќа како голман во својот матичен клуб. Висок е 193 сантиметри и тежи 80 килограми.

Куманово има големи амбиции за пролетниот дел од сезоната, каде целта е обезбедување ран опстанок и високи позиции во плеј-аутот. Со овие нови засилувања, клубот се надева на успешни резултати и напредок во пролетниот дел од ракометната Суперлига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Дури девет фудбалери го пропуштаат 21. коло на Втората лига поради пет жолти картони!

Поради акумулирани пет жолти картони девет фудбалери од седум екипи го пропуштаат 21. коло на Втората лига. Поради жолти картони овој викенд односно...

Втора лигаФудбал

Борец и Осогово во директен дерби дуел за опстанок – трите бодови повеќе од важни!

Се разгорува битката за опстанок во Втората лига, Осогово е во ситуација каде може да се надева и на директен опстанок, па да...

Поврзани написи
Ракомет

РК Радовиш промени тренер, но се врати на поразите! Пред радовишани е сериозен предизвик за опстанок!

Ракометниот клуб Радовиш ќе биде ставен пред сериозен предизвик да го сочува...

Ракомет

Амбициозниот Охрид ги продолжи договорите со 5 свои ракометари за наредната сезона

Полека, но сигурно,  ГРК Охрид  го склопува тимот за наредната сезона, откако...

Ракомет

Меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“ ќе се одржи од 19 до 23 август во Охрид

Традиционално, ГРК Охрид и општина Охрид, го најавија Меѓународниот ракометен турнир „Крсте...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!