Ракомет

Бутел го декласираше Куманово, дебитантот Бисинов ја совлада Струга

Сподели
Сподели

Денес започна новата сезона 2024/2025 во ракометната Суперлига, а во рамки на 1. коло дебитантот Бисинов приреди изненадување откако ја совлада Струга со 30:31.

На полувреме Струга имаше два гола предност од 16:14, а вториот дел особено завршницата беше повеќе од возбудлива и неизвесна и за двете екипи.

Во финишот гостинот од Велес не реализираше пенал, додека пак Струга направи голема грешка, а тоа го искористи Бисинов за конечни 30:31.

Најдобар кај Струга беше Тодор Јанкуловски од осум погодоци, кај Бисинов најмногу се истакна очекувано Ивица Илиев со десет гола, а пак Марко Трајковски постигна пет гола.

Бутел Скопје на домашен терен со 29:12 на старот од сезоната го „прегази“ Куманово, кој немаше сили воопшто да парира. Првиот дел од мечот беше повеќе од јасен сигнал дека Бутел Скопје лесно ќе ги освои трите бодови, откако на полувреме беше 13:5, а само пет погодоци за 30 минути е повеќе од јасен сигнал дека Куманово беше далеку за да биде конкуретен за триумф во Скопје.

Чуварот на мрежата на Бутел, Бојан Блажески беше на висината на задачата и имаше повеќе од 20 интервеции, а тоа практично го откажа Куманово да може да парира.

Кај домашниот тим по шест погодоци имаа Филип Николов и Дејан Михајловиќ, а кај гостите Дамјан Јакумовски постигна пет погодоци.

Александар Ванев, Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

Ракомет

Алкалоид поднесе жалба: Скандалозно судење на натпреварот против ГРК Охрид

Алкалоид ремизираше со Охрид во „Билјанини Извори“, откако двете екипи одиграа 27:27...

Ракомет

Прилеп со силен финиш го „скрши“ Куманово, Цветаноски блесна со осум гола

Ракометарите на Прилеп стигнаа до нова победа во плеј-аут фазата од Суперлигата,...

Ракомет

Пилиповиќ: „Покажавме карактер и се вративме по тежок почеток“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!