Второлигашот Башкими од Куманово се разделува со неколку играчи, но веќе претстави две засилувања за што инфомираше Спортска Мрежа, станува збор за Аљбан Мемеди и Амир Јашар.
Дополнително како што информиравме Башкими и Алпај Јусуф се разделија, но кумановскиот второлигаш се разделува и со Ариф Садики, Азиз Амети и Шабан Мемети.
Како што дознава Спортска Мрежа 20-годишниот Меметриза Хамза од Башкими заминува во шампионот Струга Трим Лум.
Во следниот период според нашите информации Башкими ќе промовира две до три квалитетни засилувања со кои освојувачот на Купот на Македонија од сезона 2004/2005 во пролетниот дел ќе води борба за пласман во Првата македонска фудбалска лига.