Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија со голема победа на тестот против Динамо Панчево

Сподели
ФОТО: Ракометна Федерација на Македонија
Сподели

Ракометарите на Македонија забележаа уште една победа на вториот тест во Србија, а во рамки на подготовките за Светското првество. На првиот тест Македонија беше подобра од Нови Београд, а сега избраниците на селекторот Кирил Лазаров го совладаа Динамо Панчево со резултат од 51:46.

Форматот беше исто како и на претходниот натпревар односно три по триесет минути за вкупно 90 минути игра. Ова беше одличен тест за Македонија бидејќи играше против третата екипа во српската Суперлига.

Репрезентацијата ќе се натпреварува во групата Д, заедно со репрезентациите на Унгарија, Холандија и Гвинеја. Натпреварите ќе се играат во Вараждин, Хрватска.

Првиот натпревар на Македонија е на 15. јануари против Унгарија, вториот на 17. јануари против Холандија, а третиот на 19. јануари против Гвинеја.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес во Струга против „фенерџијата“ ќе бара враќање на победата и со...

Прва лигаФудбал

Работнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа на претпоследната позиција на табелата во Првата лига. Со само една...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија до реми со Словенија по драматичен финиш во Анкара!

Женската ракометна репрезентација на Македонија избори големо реми против Словенија (23-23) на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија има тежок пат до СП 2026, но би играла во “најлесната група”: Фудбалската магла над баражот 

Македонската фудбалска репрезентација е пред нов голем предизвик, овојпат во борбата за...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Ако се пласираме на СП 2026: Македонија ќе игра со Мексико, Јужна Африка и Јужна Кореја

Македонската фудбалска репрезентација може да стане дел од историското Светско првенство во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!