КупФудбал

Денес стартува Купот на Македонија во женска конкуренција: Две дерби пресметки, прволигашите фаворити

Сподели
Сподели

Денес се играат осмифиналните натпревари од Купот на Македонија во женска конкуренција.

Спортска Мрежа претходно ги објави двојките, но и судиите кои ќе ја делат правдата на сите натпревари.

Во Македонска Каменица ќе се игра големото дерби меѓу Каменица Саса и Скопје, ждрепката посака уште во првото коло да има дерби на две екипи кои се меѓу кандидатите за Куп титулата. „Рударките“ минатата сезона загубија убедливо во финалето од Тиверија Брера, а пак тимот од Пржино кој ја брани шампионската титула сака да атакува и на Куп титула.

Дерби ќе се игра и на „Цементарница“ каде Вардар ќе го пречека Пелистер, во уште еден дерби меч на два прволигаши, Домаќинот кој дури во седмото коло стигна до првата сезонска радост во шампионатот, ќе бара следна фаза против Пелистер кој како новајлија во ПЖФЛ игра фантастично и се наоѓа во горниот дел од табелата.

Љуботен како формален гостин во Тетово ќе го пречека второлигашот Билјанини Извори од Охрид, во дуел каде тетовскиот тим е фаворит за следна фаза од Купот.



Кочани како фаворит за следна фаза на домашен терен ќе игра против второлигашот Плачковица од Радовиш и не би требало да има изненадување.

Новиот второлигаш Ржаничино ќе има вистински тест за квалитетот против прволигашот Истатов, кој е фаворит за пласман во четвртфиналето од Купот на Македонија.

Речица на домашен терен ќе се соочи со Топ Гол, тим кој минатата сезона испадна од Прва во Втора лига. Домаќинот ќе ја има улогата на фаворит за следна фаза.

☕ Поддржи ја Спортска Мрежа со едно кафе и помогни ни да продолжиме со секојдневното следење на македонскиот спорт

Ас Јунајтед на домашен терен во Струга ќе го пречека новиот второлигаш Менада од Тетово, каде стружанки се апсолутни фаворити за пласман во следната фаза.

Во првата фаза слободен е бранителот на Куп титулата, Тиверија Брера од Струмица.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!