РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски: Тажни сме за поразот, процесот на подмладување ќе го продолжиме!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонија загуби од Словенија во Љубљана со резултат од 2:0, со што остануваме без бодови и по две кола во Лигата на нации.

По натпреварот, селекторот Гоце Седлоски, ги сподели своите први впечатоци по поразот на „Стожице“.

„Како прво да ѝ честитам на Словенија за победата, што се однесува до мојот тим моите играчи, мислам дека на денешниот натпревар дадоа се од себе. Како второ морам да кажам од овој процес што почнав со подмладување во репрезентацијата со неколку играчи, тука не застанувам. Мислам дека момците кои денеска добија првпат шанса на ваков натпревар, но и другите го оставија срцето на терен. Мислам дека поразот како пораз многу боли, сепак, пак ќе кажат, не постигнавме гол, но мислам дека на денешниот меч создадовме многу шанси. Морам да ги пофалам играчите, оставија срце на терен, им честитам. Нормално, тие се тажни и јас, но за три дена имаме друг натпревар и мора да се подготвиме за тој натпревар. Овој процес што го започнав, не застанувам, знам дека е тешко и ќе продолжам во таа насока“, изјави селекторот Гоце Седлоски по натпреварот.

Веќе в сабота следува нов натпревар, на домашен терен против Шкотска на домашен терен.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!