Прва женска фудбалска лигаФудбал

ВИДЕО: Еврогол и хет-трик на 15-годишната Лана Спасовска – голманката на Кочани немоќна!

Сподели
Сподели



Екипата на Речица со убедливи 5:1 го совлада Кочани во рамките на 7. коло од Првата женска фудбалска лига и стигна до првата победа во сезоната.

За Речица ова беа исклучително важни три бода, особено ако се има предвид дека тимот ќе се бори за директен опстанок и избегнување на баражот.

Натпреварот го одбележа 15-годишната Лана Спасовска, која постигна хет-трик, а еден од нејзините голови беше вистинско ремек-дело.

Спасовска ја забележа голманката на Кочани далеку од својот гол и упати фантастичен удар од далечина. Топката заврши во мрежата, а голманката немаше никаква можност да интервенира.

☕ Поддржи ја Спортска Мрежа со едно кафе и помогни ни да продолжиме со секојдневното следење на македонскиот спорт

Со три постигнати гола, младата фудбалерка имаше натпревар за паметење и покажа дека и на само 15 години може сериозно да го привлече вниманието во најсилната женска фудбалска конкуренција во Македонија.

    • Погледнете го евроголот на Лана Спасовска:



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!