Младински фудбалФудбал

Како младинската школа на ФК Дојранско Езеро го гради фудбалскиот идентитет на младите таленти

Сподели
Сподели

Дојран, и покрај што е мало место, секогаш имал голема љубов кон фудбалот. Младинска школа на фудбалскиот клуб Дојранско Езеро е доказ дека квалитетни фудбалери можат да произлезат од секое место на Македонија. Фудбалскиот клуб Дојранско Езеро е посветен на младинските категории води голема грижа за развојот на талентирани деца, им се дава голема шанса, а Дојран знае да даде талентирани играчи, кои може да настапат и во репрезентацијата на Македонија.

Еден од најголемите примери е Горан Мазнов, кој потекнува од Дојранско Езеро и со својата кариера во репрезентацијата на Македонија докажа дека талентот не познава граници. Мазнов е доказ дека дури и малите места можат да дадат големи фудбалски имиња, а во случајот тоа да е градот покрај најмалото природно езеро во Македонија.

Фудбалски клуб Дојранско Езеро има посветена младинска школа која се грижи за секое дете. Во моментот, клубот брои 65 млади фудбалери од различни генерации, од кои многу ветуваат за иднина. Младинска школа на дојранскиот клуб кој во сениорска конкуренција настапува во Третата македонска фудбалска лига – Исток нуди одлични услови за тренинг и напредок, со тројца искусни тренери кои секојдневно работат со младите фудбалери.

„Ние веруваме во потенцијалот на секое дете и ги нудиме сите потребни услови за успех, имаме прекрасен сопственик кој 99% сам го одржува клубот. Дечињата не плаќаат членарина, исто така имаат бесплатен превоз од дома до стадионот и назад, мислам дека сме еден од ретките клубови каде што на дечињата им е се бесплатно и секако многу внимание кон нашите млади фудбалери – тоа е нашата мисија“, вели за Спортска Мрежа, Петар Илиев, еден од тренерите во младинската школа на ФК Дојранско Езеро.

Клубот останува посветен на младинските категории, на развој на младите и талентирани фудбалери, со овозможени максимално одлични услови и што е најважно децата не плаќаат членарина што значи дека во прв план на ФК Дојранско Езеро е правилен и вистински развој на фудбалерите.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Фудбал

Висок пораз на битолски Конзули во Кочани – четири гола за Христијан Крстов

Синоќа беше отворено 7. коло во Втората футсал лига со убедливата победа...

ФудбалФутсал

Форца броеше до десет, Проект и Кеги Моби до високи победи!

Фаворитите одиграа според планот – шампионот Форца броеше до десет против Јувентус...

Младински фудбалФудбал

ВИДЕО: Стефан Ристов најдобар играч, Детонит Плачковица блесна на „Football Winter Mini Cup 2025“ во Богданци

Младите таленти на радовишки Детонит Плачковица од генерациите 2014 и 2015 имаа...

Втора лигаФудбал

Митревски: Во Осогово ништо не е случајно!

Есенската полусезона во Втората лига донесе многу причини за радост во Кочани,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!