ИнтернационалциФудбал

Грчкиот второлигаш Кавала се засили со Марјан Ристовски

Сподели
ФОТО: Kavala FC
Сподели

Марјан Ристовски, доскорашен фудбалер на Брера Струмица, ја започнува својата интернационална кариера со преселба во грчкиот тим Кавала. Крилниот фудбалер потпиша договор со овој клуб и ќе се соочи со нови предизвици во грчката Втора лига.

Ристовски има богата кариера во македонскиот фудбал, играјќи за неколку прволигаши, вклучувајќи ги Брера Струмица од каде заминува во грчкиот тим, Вардар, Силекс, Работнички, Борец, Тиквеш и Кожуф.
Тој во дресот на Брера одигра 14 натпревари, при што на фудбалските терени помина 1072 минута, постигна три гола и имаше една асистенција.

Кавала моментално се наоѓа на последната позиција во втората лига на Грција, и со пристигнувањето на Ристовски и нови засилувања, клубот ќе се обиде да обезбеди опстанок во пролетниот дел од сезоната.

На 13 одиграни натпревари екипата на Кавала има само една победа, четири ремија и осум порази за вкупно седум бодови. Пролетната полусезона во Втората грчка лига започнува на 5. јануари, а новиот тим на Ристовски ќе игра дерби од дното против претпоследниот тим на Етникис.

Ристовски во Кавала е претставен како големо засилување, а тој треба да помогне во целта на тимот – опстанок во лигата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!