ФудбалФудбалска репрезентација

Горан Пандев поднесе оставка на функцијата претседател на ФК Брера Струмица

Сподели
Сподели

Како што информираше ФК АП Брера Струмица, Горан Пандев поднесе оставка од функцијата претседател клубот, откако беше назначен за спортски директор на сите македонски фудбалски репрезентации. Оставката е со цел да нема судир на интереси како и заради неспоивоста на двете функции.

Пандев е основач на клубот, а со превземањето од страна на Брера Холдинг, беше поставен на функцијата претседател.

„Од секогаш сум зборувал и залагал за развој на македонскиот фудбал и дека треба сериозно да се посветиме за прогрес на клупскиот и репрезентативен фудбал. Верувам дека новото раководство ќе го даде тој инпут на кој ќе бидеме горди сите ние како нација. Репрезентациите треба да бидат наша светост и треба да ги градиме во конутинитет. Имаме потенцијал само треба професионален пристап“, кажа Пандев кој веќе не е претседател на ФК Брера Струмица.

Пандев сега има нова функција односно директор на македонските фудбалски репрезентации.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ТАБЕЛА: Кој може да го симне Пелистер од тронот во Втора лига?

По шест кола екипата на Пелистер од Битола е на врвот од табелата со 14 бодови, откако битолчани славеа во дербито со Охрид...

Втора лигаФудбал

Беласица со четири ремија во низа, Новаци со голем скок, очајот на Шкупи продолжува

Пелистер е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига, барем до четврток, кога ќе бидат одиграни двата одложени мечеви од 2. коло кои...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

ТАБЕЛА: Кој може да го симне Пелистер од тронот во Втора лига?

По шест кола екипата на Пелистер од Битола е на врвот од...

Втора лигаФудбал

Беласица со четири ремија во низа, Новаци со голем скок, очајот на Шкупи продолжува

Пелистер е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига, барем до четврток,...

Трета лигаФудбал

Кравари ја „прегази“ Света Троица од Охрид, Влазерими до три бода, победа за кичевски Напредок

Влазерими Јуниор го одигра првиот меч во новата сезона во Трета лига...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!