Трета лигаФудбал

Големо Коњари со триумф ја отвори сезоната, Борец со „лото“ победа, едно реми со шест гола

Сподели
ФОТО: Архива
Сподели



Некогашниот прволигаш Борец убедливо ја отвори новата сезона во Трета лига регион 3 откако на домашен терен со „лото“ победа го декласираше Млекар со резултат од 7:0.

Хет-трик постигнаа двајца фудбалери односно Пеце Стојанов и Милан Чичевски, а пак Аљбим Јашари беше стрелец на еден гол.

Влазними Јуниор и Росоман ги поделија бодовите на стартот од новата сезона откако одиграа 3:3. Фатон Ибраими и Самир Салиу погодија за предност на домаќинот од два гола, а потоа Кристијан Јованов намали на 2:1 на полувреме.

Во вториот дел домаќинот имаше и 3:1 со голот на Аделин Демири, а потоа прокоцка два гола предност откако Марко Миловановиќ намали на 3:2, а Јованов со втор гол во 90. минута ги постави конечните 3:3.



Ланскиот второлигаш Големо Коњари со триумф ја отвори новата сезона откако на домашен терен со 2:0 го доби Башкими од Јаболчиште.

Двата погодоци беа постигнати во вториот дел, откако Дарко Чапкуноски во 47. минута го отвори резултатот, а печат на победата стави Владимир Зарески во 76. минута.

Извештајот на Спортска Мрежа од вчерашните натпревари можете да го прочитате овде.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра дербито на 4. коло на Втората футсал лига меѓу...

Кошарка

Работнички ја брани серијата од пет победи, а четири екипи бркаат биланс 3–3

Работнички го пречекува Кожув како единствена екипа со пет победи во пет натпревари. МЗТ Скопје Аеродром е најблиску со биланс 4–1, а Кожув...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе...

Прва лигаФудбал

Вареловски: Ќе дадеме се од себе трите бода да останат во Кавадарци

Тиквеш продолжува со одличните настапи во Првата македонска фудбалска лига, а амбициите...

Прва лигаФудбал

Варадиновски бара ново изненадување, Скопје на испит кај Тиквеш

Фудбалерите на Скопје во минатото коло успеаја да го изненадат Силекс, ремизирајќи...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!