Прва лигаФудбал

Судот за спортска арбитража во Лозана ги потврди одлуките на ФФМ по спорниот меч Гостивар – Работнички

Сподели
Сподели

Судот за спортска арбитража (CAS) во Лозана ги одби жалбите на ФК Гостивар и Енес Уста и ги потврди одлуките донесени од дисциплинските и жалбените органи на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Случајот се однесува на случувањата на натпреварот меѓу ФК Гостивар и ФК Работнички во 29. коло од Првата македонска фудбалска лига во сезоната 2024/2025. По овој натпревар, ФФМ изрече дисциплински санкции поради организациски пропусти, присуство на неовластени лица во службените простории, како и напуштање на теренот од страна на екипата на Гостивар.

Клубот беше казнет и со одземање бодови, додека Енес Уста доби санкција поради своето однесување и неговата улога во настаните кои доведоа до прекин на натпреварот.

Гостивар и Уста ги оспорија одлуките пред CAS, но по разгледувањето на случајот, Судот во Лозана оцени дека постапките на органите на ФФМ биле во согласност со прописите, а изречените казни биле соодветни и пропорционални на направените прекршоци.

Со ова, одлуките на ФФМ остануваат во сила, а одлуката на CAS е конечна и без можност за жалба.

Од ФФМ посочуваат дека станува збор за значаен случај, бидејќи ова е првпат Федерацијата успешно да ги одбрани своите одлуки пред Судот за спортска арбитража во Лозана.

Инаку, ФФМ и претходно била дел од постапки пред CAS. Во 2011 година, актуелниот претседател на Федерацијата, Масар Омерагиќ, го доби спорот пред овој суд против тогашното раководство на ФФМ, додека во друг случај CAS донесе одлука против Федерацијата во спорот со поранешниот селектор Мирсад Јонуз.

Од ФФМ оценуваат дека најновата одлука е потврда дека фудбалските прописи треба да важат подеднакво за сите и дека нивното почитување е од клучно значење за заштита на интегритетот на натпреварувањето.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се...

ФудбалФутсал

Проект покажа шампионски карактер преку пресврт славеше над СЕЕ Университи, два гола за Трајче Димитриев

Нов триумф за шампионот Проект кој преку пресврт славеше над повратникот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!