КупФудбалФутсал

Јувентус Серава во четвртфинале, Партизан Југ ја декласираше Победа, голем пораз на Црна Река!

Сподели
Сподели

Вечерва уште три три екипи обезбедија четвртфинале од футсал Купот на Македонија. Екипата на Партизан Југ со 6:2 беше пресилна за прилепска Победа и со тоа тимот од Брвеница закажа четвртфинале.

Првиот дел беше доста неизвесен и заврши со 1:1, а во вториот дел Партизан Југ доминираше за висок и убедлив триумф. Горан Новакоски постигна хет-трик вечерва, а пак двоен стрелец беше Петар Обадиќ, додека пак стрелец на еден гол беше Ивица Ангелески.

За прилепскиот тим стрелци беа Ангел Барлески во првиот дел и Нермин Каришик во вториот дел.

Ниту четирите голови на Александар Коцев не помогнаа за триумф на Црна Река, откако каваречкиот прволигаш загуби во Штип од второлигашот Мал Ајакс со 10:5.

Штипјани потврдуваа зошто се есенски шампион во Втората лига, но ги потврдуваа и квалитетите, а со тоа и амбиции за враќање во Првата лига.

Иса Дурмишов постигна четири гола, а пак хет-трик имаше Теодор Наков, додека пак Ангел Белчовски беше двоен стрелец, а еден гол постигна Седат Мамудов. За прволигашот од Кавадарци четири гола постигна Александар Коцев, а пак Никола Димов беше стрелецна еден гол.

Јувентус Серава со 4:2 славеше против Клими за следна фаза од Купот на Македонија, а на крилата на Армандо Алијевиќ кој беше стрелец на сие четири гола за Јувенту Серава.


За тимот од Кавадарци двоен стрелец беше Петар Левков, кој погоди во вториот дел од натпреварот.

Четвртфинале обезбедија Балкан, Јувентус Серава, Шкупи, Мал Ајакс, Партизнан Југ Брвеница, освојувачот Форца и Кратово, а утре ќе биде познат последниот патник со мечот меѓу Осогово и Проект во Крива Паланка.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!