Младински фудбалФудбал

Од идеја до реалност: Како ФК Карпош создава фудбалска иднина?

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Карпош е нов, но брзорастечки клуб на спортската сцена во Македонија. Основан пред само четири месеци, клубот веќе бележи значителен напредок и огромен интерес, иако се наоѓа во своите почетни фази. За кратко време, ФК Карпош успеа да формира динамична и енергична фудбалска заедница, која во моментов брои повеќе од 70 млади фудбалери.

Голем почетен успех и силни амбиции

Дарко Пешевски е основач на клубот и тренер, за Спортска Мрежа вели дека ФК Карпош ја има за цел не само да биде клуб за тренинг на млади таленти, туку и да создаде долгорочни и стабилни услови за развој на фудбалот во регионот на општина Карпош.

„Идејата дојде спонтано, од мал имам љубов и пасија кон фудбалот, најпрво почнав како играч, а потоа како тренер 10-тина години во друг клуб, по што дојде момент да сакам да остварам нови предизвици и да формирам свој фудбалски клуб. Сакав да создадам нешто поразлично, почнувајќи од инфраструктурата, до начинот на функционирање и мислам дека, иако постоиме четири месеци, имаме огромен напредок во секој сегмент и ќе се бориме и понатаму да биде уште подобро, се додека не дојдеме до замислената цел“, изјави Дарко Пешевски, основач и тренер на клубот за Спортската Мрежа.

За краток временски период, ФК Карпош успеа да се одржи на високото ниво на спортска организација, а првите млади таленти веќе почнуваат да покажуваат потенцијал.

Инфраструктура и нови цели

Клубот во моментов ги одржува своите тренинзи на терен во општина Карпош, кој е дел од нивната стратегија за развој. Иако инфраструктурата сè уште е во развој, клубот има големи амбиции и за тоа како ќе изгледаат нивните идни терени.

„Моментално клубот за неполни четири месеци од формирањето , има 70-80 членови (дечиња) на наше големо задоволство. Во моментов нашите тренинзи ги одржуваме на терен во општината Карпош, многу јасно нели, а со оглед дека нашиот клуб гордо го носи името и боите на општина Карпош. Клубот се оформи во септември, па оваа календарска година немавме можност за учество во детска лига на ФФМ, а на пролет веќе ќе имаме учество и таму. Бескрајно благодарани сме на љубовта, интересот и разбирањето кое го имаме од сите членови, како и родителите. Ние, исто како да игравме во некоја лига, секојдневно, дури понекогаш и по 2-3 пати во неделата се играат натпревари со различни екипи на нивен и на наш терен. За толку мал период создадовме премногу пријателства и пријателски клубови со кои секојдневно сме во комуникација, се договараме за натправари и турнири, а не очекуваат и уште повеќе ангажмани“, вели Пешевски.


Истовремено, интересот за клубот продолжува да расте, а веќе се во тек подготовки за подобрување на инфраструктурата и проширување на капацитетите.

Растење на младинската школа и создавање идни фудбалски ѕвезди

Младите фудбалери во ФК Карпош се главна компонента на успехот. Од самото формирање на клубот, фокусот е ставен на работата со најмалите генерации фудбалерчиња. Тренинзите се конципирани така што дечињата не само што учат техника и тактика, туку се едуцираат за важноста на спортските вредности и здравите животни навики.

ФК Карпош веќе има големи планови за иднината. За само неколку години, клубот има намера да формира и сениорски тим составен од фудбалери кои сега започнуваат да тренираат во клубот. Тоа е природен следен чекор во нивната амбициозна стратегија за развој.

Големи предизвици и натпревари, но многу искуства

За ФК Карпош, најважното не се бројот на натпревари или победи, туку развојот и прогресот на младите фудбалери. Иако клубот не учествува во официјални лиги во своите први месеци, секојдневно се организираат пријателски натпревари со други клубови.

„Нашите цели се навистина високи и знаеме, свесни сме дека со правилна работа, чекор по чекор, ќе се достигне зацртаната цел. Веќе имаме обезбедено простории на клубот кои што моментално се припремаат, а таму сакаме дечињата освен што имаат тренинзи на терен, да имаат и предавања од стручни лица за спортот и за здравите животни навики. Во моментов, во тек е постапката за обезбедување на терен на клубот со вештачка трева во Општина Карпош, се разбира тоа се очекува набрзо, а за неколку месеци клубот ќе има и голем терен со природна трева кај што ќе може да се одвиваат тренинзите на уште повисоко ниво. Моментално фокусот е на најмалите генерации фудбалерчиња, иако имаме и неколку повозрасни дечиња. За 2 до 3 години од сега, зошто да не, и сениорски тим со овие дечиња што сега почнуваат во ФК Карпош е на повидок“, истакнува Пешевски.

Клубот во моментов има околу 70-80 млади членови, што е огромен успех за толку краток период. Родителите играат важна улога во оваа приказна, а клубот им се заблагодарува за поддршката и довербата.


Поглед кон иднината: Напредок и амбиции

Без сомнение, ФК Карпош е на добар пат да стане важен дел од спортската инфраструктура на Карпош и Македонија. Иако се само почетници, амбициите за создавање професионален тим и висококвалитетна инфраструктура се веќе поставени, и нивниот раст не покажува знаци на забавување.

ФК Карпош со сигурност ќе продолжи да расте, и во иднина ќе биде клуб кој ќе ги негува фудбалските таленти и ќе создава нови ѕвезди на македонската фудбалски мапа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лига

Младост Богданци стартуваше со подготовки – тимот цели кон директен влез во Суперлигата

Ракометниот клуб Младост 1977 од Богданци официјално ги започна подготовките за вториот дел од сезоната 2025/26 во Првата ракометна лига, во која тимот...

Ракомет

Радовишанецот Душко Кландев назначен за нов шеф на стручниот штаб на Салцбург

Македонскиот тренер Душко Кландев од Радовиш доби големо признание во Австрија, откако официјално е именуван за нов шеф на стручниот штаб на Салцбург,...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Победа Валандово го промовираше клупскиот сајт – пример што треба да го следат и прволигаши и второлигаши

Фудбалскиот клуб Победа Валандово, актуелен лидер во Третата лига – Исток и...

Прва лигаФудбал

Шкендија ги закажа пријателските натпревари преку кои ќе се „бруси“ формата

Македонскиот шампион Шкендија договори пет пријателски натпревари преку кои ќе ја проверува...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Преспа на 21 јануари ги започнува подготовки – ќе има неколку засилувања!

Второлигашот Преспа од Ресен на 21 јануари (среда) ќе ги започне подготовките...

Прва лигаФудбал

Пелистер се раздели со Јорданчо Наумоски и Филип Тодороски

Прволигашот Пелистер се раздели со двајца играчи – Јорданчо Наумоски и Филип...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!