Трета лигаФудбал

Дерби на ланските второлигаши Саса и Слога Виница, Овче Поле домаќин на Тиверија, Ударник гостува во Берово

Сподели
Сподели

Викендот започнува новата сезона во Трета лига регион 3 со мечевите од првото коло. Во сезона 2026/2027 ќе се натпреваруваат 12 екипи, а веќе е познат и распоредот за првата рунда.

Во Свети Николе ќе се одигра натпреварот меѓу Овче Поле и Тиверија, Малеш во Берово ќе игра против Ударник од Пирава, првото коло носи и дерби на двата лански второлигаши Каменица Саса и Слога од Виница.

Карбинци ќе гостува во Валандово кај Победа, во Делчево дуел на екс прволигаши – Брегалница ќе го пречека Хоризонт Турново, новиот третолигашот Огражден од Ново Село ќе игра против Дојранско Езеро.

Првото коло ќе се игра в недела (13 септември) во 16:30 часот. Во есенскиот дел ќе бидат одиграни 11 кола, а есенскиот дел ќе заврши на 22 ноември.

Во новата сезона главни фаворити ќе бидат Овче Поле и Каменица Саса за бараж за Втора лига. Двете екипи подготовките ги стартуваа со една цел – влез во Втора лига. Минатата сезона „рударите“ од Македонска Каменица испаднаа од Втора лига и сега сакаат експресен кам-бек, а пак тимот од Свети Николе по долги години сака промоција во ранг погоре.



Според новата организација сега Струмица ќе биде Регионалниот центар и организатор на Трета лига регион 3, со што седиштето се сели од Кочани во Струмица.



Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Вицешампионот Еурофарм Пелистер славеше над Младост од Богданци

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и со убедливи 36-21 го совладаа Младост 1977 од Богданци во натпреварот од осмото коло...

Ракомет

Вардар максимален по осум кола, Тиквеш се намачи со Куманово

Ракометарите на Вардар 1961 продолжуваат со максимален ефект во домашната Суперлига, додека Тиквеш мораше добро да се помачи за да стигне до нови...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Реми без голови во Крива Паланка на Осогово и Козјак

Седмото коло во Трета лига регион 2 беше отворено денес во Крива...

Трета лигаФудбал

Убедлива победа за БВК Коњаре, Ржаничино до три бода преку пресврт

БВК Коњаре со убедлива победа го отвори 7. коло во Трета лига...

Прва лигаФудбал

ФФМ: Сите три ВАР-одлуки на дербито Шкендија – Вардар беа исправни

Дерби натпреварот меѓу Шкендија и Вардар, од 11. коло во Прва МФЛ,...

Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум убедлива против Скопје, Шкендија и Вардар ремизираа во дербито во Гостивар

Струга Трим Лум забележа убедлива победа од 4-0 над Скопје во првиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!