Ракомет

Ризоска и Дежиќ за убедлива победа на Македонија ЃП, Металург Автокоманда пресилен, на триумф се радува и Чаир!

Сподели
ФОТО: ЖРК Металург Автокоманда | АРХИВА
Сподели

Шампионот Ѓорче Петров во рамки на 2. коло од плеј-офот на женската ракометна Суперлига без многу мака и проблем лесно како на тренинг го совлада штипски Астибо со превисоки 48:17. Ризоска ги предводеше „лавоците“ со 12 гола, а пак Дежиќ имаше девет гола, додека пак кај Астибо стандардно Марија Анчева имаше девет гола.

Металург Автокоманда лесно го декласираа Вардар со 33:18 и ја продолжуваат доминацијата во плеј-офот после големата победа во Штип над Астибо.

Тимот од Автокоманда предводен од Јулијана Дамчевска уште во првиот дел го реши натпреварот, а најдобра во нејзиниот тим беше Гугуљанова со десет гола, а пак кај Вардар најдобар беше Неделковска со четири гола.

Ракометарките на Чаир со 31:26 го совладаа тимот на Куманово и со тоа ја запишаа првата победа во плеј-офот, откако во првото коло беа поразени од „лавиците“.

Неизвесен меч во кој Куманово одлично парираше против вицешампионот, кој сепак на крај се израдува на двата бодови.

Гулициоска имаше девет гола за Чаир, а пак Нестороска беше најпрецизна кај Куманово со осум гола.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без победник, откако двете екипи одиграа 28-28 во салата „Билјанини извори“. Натпреварот...

Поврзани написи
Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

Ракомет

Алкалоид поднесе жалба: Скандалозно судење на натпреварот против ГРК Охрид

Алкалоид ремизираше со Охрид во „Билјанини Извори“, откако двете екипи одиграа 27:27...

Ракомет

Прилеп со силен финиш го „скрши“ Куманово, Цветаноски блесна со осум гола

Ракометарите на Прилеп стигнаа до нова победа во плеј-аут фазата од Суперлигата,...

Ракомет

Пилиповиќ: „Покажавме карактер и се вративме по тежок почеток“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!