Ракомет

Вардар го брани тронот: Пелистер 2 прв предизвик во Супер лигата!

Сподели
ФОТО: Денис Дуковски
Сподели

По освојувањето на Суперкупот, Вардар веднаш се враќа на обврските и ја отвора новата сезона во Супер машката лига. „Црвено-црните“ на домашен терен ќе ја започнат мисијата за одбрана на шампионската титула.

Првиот предизвик за избраниците на Иван Чупиќ ќе биде Еурофарм Пелистер 2. Битолскиот состав влегува во новата сезона со Бранко Ангеловски како нов тренер, а во ростерот има неколку нови имиња со кои ќе се обиде да направи чекор напред.

Пелистер 2 дополнително го засили и стручниот штаб, па гостувањето кај актуелниот шампион ќе биде одлична можност тимот да покаже дека има сериозни амбиции во новата сезона.

Од друга страна, Вардар сака победнички да го отвори првенството и уште од стартот да испрати порака дека повторно ќе биде еден од главните кандидати за трофејот.

Натпреварот ќе се одигра денес, во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 18:00 часот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Кавадарци ќе биде домаќин на 26. меморијален турнир „Вуко Каров и тиквешките легенди“ – три екипи во чест на фудбалските великани

Во сабота на Градскиот стадион во Кавадарци ќе се одржи 26. издание на традиционалниот меморијален турнир „Вуко Каров и тиквешките легенди 2026“, во...

Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10. коло на Суперлигата, меч кој се игра во салата „Билјанини Извори“...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!