Ракомет

Дербито во Охрид со познати арбитри: Тодоровски и Митревски ќе ја делат правдата!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Со големото дерби меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер ќе започне новата сезона во Супер лигата, а веќе се познати и арбитрите кои ќе ја делат правдата во „Билјанини извори“.

РФМ ги одреди судиите и делегатите за првото коло, па дербито во Охрид ќе го судат Благојче Тодоровски и Димитар Митревски. За делегати се назначени Ацо Николовски и Лери Мирчевски.

Охрид, кој минатата сезона заврши на третото место, на стартот ќе има тежок предизвик против актуелниот вицешампион Еурофарм Пелистер. Натпреварот е закажан за недела, 6 септември, од 19:00 часот во СРЦ „Билјанини извори“.

Двете екипи со големи амбиции влегуваат во новата сезона, а првиот голем тест веднаш носи и сериозна задача за судискиот тандем Тодоровски – Митревски.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера организираа прекрасен спортски настан посветен на најмладите, на кој учествуваа околу...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната круна, подготвува голема трансфер „бомба“ за новата сезона 2026/2027, која ќе...

Поврзани написи
Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

Ракомет

Еурофарм Пелистер се рехабилитира со убедлива победа кај Бутел

Еурофарм Пелистер вчера стигна до сигурна победа во Супер машката лига, откако...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!